425
На 23 лица осомничени за тероризам за настаните во Собранието од 27-ми парил, им е продолжен притворот за уште 30 дена во истражниот затвор во Шутка, соопштија од Кривичниот суд.
Меѓу нив се Митко Чавков, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Игор Дурловски.
Основниот суд Скопје 1 Скопје одлучи да го прифати предлот на обвинителството и за продолжување мерката куќен притвор на четворица осомничени. За двајца, пак, судот го прифати предлогот на обвинителството за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор.
Против овие решенија дозволено е право на жалба до Апелациониот суд во рок од 48 часа по приемот на решенијата.