Во 2017 година, во Македонија загинале 155 лица на патиштата во сообраќајни незгоди, од кои 72 го загубиле животот поради брзо возење, пренесуваат од Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
„Мобилност,безбедност и заштита на животната средина сетрите клучни приоритетии цели кога станува збор за ограничување на брзината на патиштата.
Секогаш постојат ситуации каде без оглед на брзината со која се движат возилата во сообраќајот, сообраќајните незгоди се случуваат поради човечка грешка, недостатоци на патната или на сообраќајната инфраструктура, техничка неисправност на возилото или друга непредвиденаситуација. Ваквите ситуации се во минимален број и во такви околности сообраќајните незгоди нејчесто завршуваат со не-фатални последици.
Согласно тоа, брзината т.е. брзото и неодговорно однесување во сообраќајот и понатаму останува главна причина за предизвикувањена сообраќајни незгоди со фатални последици. Во одредени ситуации, намалувањето на брзината на возењеод само 5 километри на час може да биде клучно дали одредена незгода ќе се случи или не, и дали последиците од незгодата ќе бидат фатални или не.
Во 2017 година, во Република Македонија, 155 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди, од нив 72 лица (46,45%) се загинати како последица на брзото возење.
Според одредени истражувања, возачите кои прават само по еден прекршок годишно, а се однесува на правилата за ограничување на брзината (санкциониран од полиција),се наоѓаат во двојно поголем ризикда учествуваат и да настрадаат во сообраќајна незгода.
Според истражувањето на РСБСП, во Република Македонија,повеќе од 80% од анкетираните возачи изјавиле дека некогаш ги имаат прекршено правилата за ограничување на брзината што укажува на сериозноста на проблемот и на неговото потценување од страна на возачите.
Слична е ситуацијата и на светско ниво. Неодамнешна студија на Brake and Direct Line покажува дека 26% од возачите „редовно“ја пречекоруваат дозволената брзина во зони на смирен сообраќај каде што брзината на возилата е ограничена со цел да се заштитат децатаво сообраќајот,додекаод 40 до 50% од возачите признават дека „редовно“ возат со поголеми брзини од дозволените, надвор од зоните на смирен сообраќај.
Брзината е критичен фактор во сите сообраќајни незгоди. Возењето е непредвидливо и доколку се случи нешто што не можете да го предвидите, брзината е клучниот фактор што ќе биде пресуден дали ќе можете да го застанете возилото на време“, велат од РСБСП.