Сопругата на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски – Рози Мицкоска го продолжи своето учество на глобалниот самит во Белата куќа, во организација на правата дама на САД, Меланија Трамп, фокусиран на улогата на вештачката интелигенција и образованието.
Како што соопштија од владината прес-служба, овој настан во рамките на иницијативата „Fostering the Future Together“, претставува историски самит, како најголемо меѓународно собрание организирано од прва дама на САД, на кој учествувале претставници од рекордни 45 земји и водечки технолошки компании.
Во рамките на самитот, се посочува, сопругата на премиерот, Рози Мицкоска оствари краток разговор и размени мислења со првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп како и со првата дама на Франција, Брижит Макрон.
Настанот бил насочен кон унапредување на образованието, дигиталната писменост и употребата на технологија и вештачка интелигенција за поддршка на децата ширум светот.
„Денес ми е посебна чест денес да примам толку импресивна група лидери. Четириесет и петмина од вас патуваа од секој агол на планетата за да ја претставуваат својата нација како дел од оваа нова коалиција. Заедно ја негуваме иднината. Нашата мисија, да им дадеме моќ на децата преку технологијата и образованието, е остварлива“, истакнала во своето обраќање првата дама на САД.