Ротвајлерот кој во декември лани нападна десетина луѓе во скопски Аеродром, наместо да биде усмртен, како што беше планирано, бил побарано да биде вдомен во Италија.
-Ротвајлерот пред да заминие во Италија е ресоцијализиран и кастриран, објасни в.д. директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) – Зоран Атанасов.
Кучето, за кое подоцна се испостави дека има сопственик, на на почетокот од декември минатата година во населбата Ново Лисиче, во Аеродром, нападна минувачи меѓу кои и деца. Пет деца беа повредени и две жени кои се обидувале да ги заштитат.
Директорот на Агенцијата информираше дека Агенцијата е во план за домашните миленичиња да набави 100.000 микрочипови во вредност од 18 милиони денари.
Микрочипирањето ќе биде бесплатно за сопствениците на кучиња и мачки, а сопствениците ќе треба да ги платат само вакцината против беснило и пасош, што изнесуваат околу 750 денари. Микрочипирањето се очекува да почне во мај – јуни годинава, а истото покрај податоци за сопственикот ќе содржи и податоци од кои болести е вакцинирано.