Адвокатот на Верушевски во „Пуч“ предложен за член на Советот на јавни обвинители

by fokus

Адвокатот Ангеле Илиевски, кој беше дел од одбраната во предметот „Пуч“, е предложен за член на Советот за јавни обвинители. Во предметот „Пуч“ за државен удар беа обвинети сегашниот премиер Зоран Заев и поранешниот шеф на УБК, Зоран Верушевски.

Освен Илиевски, собраниската Комисија за избори и именувања денеска ќе го разгледува предлогот на Советот за јавни обвинители да им се придружи и поранешниот судија, Ангел Солев.

Илиевски и Солев се членови на правниот комитет на СДСМ. Солев е и поранешен претседател на скопска единица и во еден мандат член на Републичкиот судски совет.

Поврзани новости