Рот: Владата е посебно одговорна за неспроведувањето на Договорот

by Фокус

-Владата и опозицијата треба да го решат проблемот, но владата е посебно одговорна за недоволната имплементација на Договорот од Пржино. Премногу одложувања, губење на време со не многу конструктивни, тактички потези кои не се добри. Јас сум загрижен за ситуацијата, а сега времето тече, рече денеска државниот министер во германското министерство за внатрешни работи, Михаел Рот, на дебатата со студенти на Правниот факултет во Скопје.

Според него, има две клучни работи кои владата не ги исполнила: првата е Избирачкиот список, а втората работа е состојбата во медиумите.

-Сега е потребно да се сработи домашната задача, на 20-ти февруари очекуваме фер и отворена проценка околу тоа дали изборите може да се одржат во април. Не разговараме само за избори, туку за фер и слободни избори. Затоа е многу важно да се воспостави фер и демократски натпревар што е круцијално за сите демократии. Но повеќе или помалку потребен е политички консензус и затоа сите претставници мора да се вратат на маса и да се исполни договорот од Пржино, рече Рот.

Поврзани новости