Митко Чавков земал поголема плата и од Груевски

by Фокус

Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, земал бруто плата од 141.958 денари, додека платата на екс-премиерот Никола Груевски изнесувала 133.039 денари. Ова се информации до кој дојде Скуп во својата сторија „Министерски примања: Половина милион евра само за плати“.

Скуп пишува дека уникатно е тоа што единствено кај нас е вистински подвиг да се дојде до една ваква навидум обична информација која во соседните земји може да ја дознаете со два клика.

-Секаде во регионов платите на министрите и воопшто функционерите се јавни информации кои можат да се најдат на сајтовите на тамошните Агенции за борба против корупцијата или комисиите за спречување конфликт на интереси. Тука, кај нас, нам ни беа потребни два месеци за да го докажуваме јавниот интерес пред институциите и преку жалби да дојдеме до основната информација-колку нé чинат министрите?, пишува Скуп.

Според податоците, вкупно сите министри, вклучувајќи го и премиерот, ги чинат граѓаните половина милион евра годишно, само за плати.

Поврзани новости