549
Германскиот државен секретар за Европа, Михаел Рот денеска на Твитер напиша дека цртањето нови граници на Западен Балкан е опасен пат.
– Регионално помирување и соработка се клучни за мирот, демократијата и просперитетот. Цртањето нови граници е опасен пат, напишта Рот.
Тој со твитот го поддржа официјалниот став на Европска Унија за Западен Балкан дека треба да се работи на регионално помирување и соработка, а не на менување на границите.
Рот исто така реагира на неофицијалниот документ (нон пејпер) на Јанез Јанша, премиер на Словенија, која е следна земја претседавач со ЕУ, за прекројување на границите на Западен Балкан.