ЕМА истражува нова можна нус појава од АстраЗенека

by fokus

Белгиската агенција за лекови соопшти дека на европско ниво се истражува уште една нус појава од вакцината на АстраЗенека.

Ова го објави денеска на својот сајт АФМПС, белгиската агенција за лекови и здравствени производи. Според белгиските здравствени власти Европската агенција за лекови, ЕМА, е запознаена со пет случаи на протекување на крв од капиларите, многу ретка болест која води до потекување на ткивата и намалување на крвниот притисок.

Пет случаи се пријавени до платформата за фармаковигилентност на ЕМА, но за сега нејасно е дали станува збор за нус појава од вакцината на АстраЗенека.

Пред неколку дена ЕМА потврди дека појавата на тромбози е ретка но можна нус појава од оваа вакцина.

Поврзани новости