Михаел Рот, државен секретар во германското МНР е дециден дека без услови за „европски“ избори, ЕУ сигурно ќе препорача да се помести датумот на нивното одржување.
– Со договорот од Пржино политичките сили се спогодија за возен ред за нови избори според европски стандарди. Сега сите одговорни во политиката се и обврзани конечно да дејствуваат и договорот брзо и целосно да го реализираат, така што новите избори би можеле да бидат спроведени соодветно на европските стандарди. Ова барање посебно е насочено кон владата. Таа има посебна одговорност за доброто на земјата и за натамошното приближување кон ЕУ. Не смее да попушти ангажманот за исполнување на обврските. Тоа е нашето јасно очекување. Доколку Комисијата на ЕУ процени дека кон крајот на април сé уште не се можни фер избори според европски мерила, таа сигурно ќе препорача поместување на изборите – вели Рот во интервју за Дојче веле.