Јанева пред комисијата на Советот на јавни обвинители

by fokus

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева  пред Советот на јавни обвинители и пред тричлена комисија ќе образложи зошто од својот тим ги отстранила обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓоревска.

– Јанева пред комисијата ќе ја образложи својата постапка, која целосно е во согласност со законот. Не е спорно дека Советот има законско право да поставува прашања за нашата работа“, велат од Специјалното јавно обвинителство.
Објаснувањето на Специјалното обвинителство е дека двете обвинителки се прогласени за вишок во согласност со обемот на работа. Советот на обвинители се сомнева дека при разрешувањето на двете обвинителки била прекршена процедурата.

Викендов беше објавена информацијата дека била поднесена кривична пријава против тројца обвинители од тимот на Јанева, за малтретирање во вршење на службата. Пријавата е поднесена е од физичко лице кое тврди дека истражители на Јанева му се заканувале и се обидувале да му изнудат изјава.

Од СЈО изјавија дека подносителот на кривичната пријава ќе треба да ги докаже тврдењата во спротивно тие ќе поднесат пријава за лажно пријавувањеи напоменуваат дека ниту еден од специјалните обвинители никому не изнудувал изјава ниту пак излегол надвор од своите овластувања.

Со ваквите потези јасно е дека власта се обидува на секаков начин да ја дискредитира Јанева и да влијае врз нејзината работа.

 

Поврзани новости