536
Германскиот министер за европски прашања Михаел Рот изјави дека неговата земја се надева оти првата Меѓувладина конференција (МВК) со Северна Македонија и Албанија ќе се одржи оваа есен, јави дописничката на МИА од Брисел.
Меѓувладината конференција го означува де факто отпочнувањето на преговорите за членство со Унијата и отворањето на првото поглавје.
– Многу бев незадоволен што некои угледни земји членки на ЕУ ја потценуваат улогата на западниот Балкан во мирот и стабилноста на Европа, наш заеднички интерес е да го стабилизираме западниот Балкан, рече германскиот министер за Европа, чија земја од 1 јули го презема претседавањето со ЕУ од Хрватска.