Роси ќе остане во Мото ГП и в година

by Fokus

Деветкратниот светски шампион во мотоциклизам, Валентино Роси ќе ја продолжи својата тркачка кариера најмалку за уште една година во класата МотоГП откако претходно денес потпиша договор со тимот на Петронас Јамаха СРТ.

Така, „Докторот“ ја обезбеди својата 21-ва сезона во кралската класа, каде освои седум светски титули, од кои последната во далечната 2009 година. Иако Роси ќе вози во сателитски тим, тој ќе ужива во целосна поддршка од фабриката од Јамаха, каде 15 од последните 17 сезони ги помина во МотоГП.

– Во име на Петронас Јамаха СРТ и сите наши партнери, би сакал да кажам дека за нас е голема привилегија да го пречекаме Валентино Роси – возач на кој не му треба никакво претставување – како дел од тимот за следната сезона. Неговото искуство ќе биде многу вреден адут за нашиот тим, кој ќе биде во трета сезона во МотоГП во 2021 година и сигурни сме дека ќе научиме многу од Валентино. Во исто време, ќе сториме се што можеме за да му помогнеме да биде конкурентен и да ја оправда довербата што ја дава во нас. Подготвени сме за овој предизвик, прокоментира шефот на тимот, Разлан Разали.

Поврзани новости