(ФОТО) Спасовски, Филипче и Тасевски го посетија прегазениот полицаец

by Fokus
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски заедно со министерот за здравство, Венко Филипче и директорот на БЈБ, Сашо Тасевски попладнево го посетија полицаецот кој доцна синоќа беше прегазен во близина на фабриката ОХИС во Скопје.
„За жал и денеска заедно со министерот Венко Филипче и директорот на БЈБ, Сашо Тасевски посетивме наш колега во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, кој ноќва, додека извршувал службени дејствија во областа на сообраќајот на бул.„Борис Трајковски“, во близина на фабриката ОХИС, беше удрен и повреден со возило „цитроен берлинго“, управувано од А.Д.(19) и сопатник К.М.(21), кои побегнале од местото. По насока на Јавен обвинител двете лица се пронајдени, приведени и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Се надеваме дека повредениот полициски службеник што поскоро ќе закрепне и ќе се врати повторно да им служи на граѓаните. Уште еднаш би сакал да нагласам дека напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки нема да се толерираат, а насилниците мора да одговараат!“, посочи Спасовски.

Поврзани новости