560
Кристијано Роналдо се најде во стартниот состав на репрезентацијата на Португалија за гостувањето кај Исланд во квалификациите за Европското првенство.
Тоа значи дека Роналдо ќе го забележи својот 200-ти настап за националниот тим, што е нов рекорд.
Роналдо е првиот фудбалер во историјата на фудбалот кој ја соборил споменатата бројка, а тој е рекордер од претходно.
Ѕвездата на Ал Наср одамна зад себе остави асови како Серхио Рамос (Шпанија), кој застана на 180, Италијанецот Џанлуиџи Буфон (176), уште еден Шпанец Икер Касиљас (167), Хрватот Лука Модриќ (166)…
Роналдо дебитираше за Португалија пред дури 20 години во дуелот со Казахстан, кога го замени Луис Фиго.