Романија ни испраќа авион за гасење на пожари

by fokus

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска преку фејсбук сподели информација дека Романија ќе испрати во Македонија авион со голем капацитет за гасење, како помош во справување на пожарите.

„Нова поддршка од НАТО сојузниците во справувањето со пожарите – Романија испраќа авион со голем капацитет за гасење. Благодарност до романскиот министер Николае Јонел Чука што реагираше веднаш на моето барање ова утро“, напиша Шекеринска.

Поврзани новости