Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираат на информацијата која се појави на одредени портали за наводен престој на претседателот на партијата Христијан Мицкоски во Будимпешта, Унгарија.
Од таму велат дека Мицкоски бил во еднодневна куса посета на главниот aвстриски град Виена, а дека самиот престој бил од приватен карактер.
„Поточно со оглед на тоа што Мицкоски воедно е и професор на високонаучна установа, причината за престојот е за научни цели. Инаку патувањето е со неговиот приватен автомобил, а низ Република Унгарија поминува исклучиво како транзитна дестинација. Вистината е дека во близината на Будимпешта (околу 40км после Будимпешта на враќање кон Скопје) неговото возило извесен период е следено од луксузно патничко возило од марката „бентли“ со струмички регистарски таблици, управувано од роднина на премиерот Зоран Заев. Веруваме дека тоа е и изворот на тенденциозноста на ваквите дезинформации кои се појавија во одредени медиуми, што само ја потврдува безидејноста на власта, обидите за дефокусирање од вистинските теми и нервозата присутна поради слабата поддршка од граѓаните“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.