488
Респект на судот. За нас правдата е постигната, рече роднина на ослободениот од вина, Сафет Ватиќ, во предметот Труст, по пресудата на судот.
-Гледаме со новата власт правдата е достижна за секого. Ова е праведна пресуда за нас, не збориме за другите, туку само за нашата фирма – рече член на семејството Ватиќ.
Тој додаде дека нема да бараат оштета за покренетото обвинение кое потоа беше повлечено, затоа што се задоволни од пресудата.
Адвокатот на Сафет Ватиќ рече дека се работи за тежок и обемен процес од кој обвинетиот излегол со чист образ.
-Семејството Ватиќ излезе со чист образ и крената глава. Благодарност до сите институции кои беа дел од процесот. Респект до судот. Ова е голема победа за одбраната – рече тој.
М.В.