СЈО не бара притвор за Кочан, доволна била гаранцијата дека нема да побегне

by Fokus

Специјалното јавно обвинителство нема да бара притвор за бизнисменот Сеад Кочан, откако денеска му беше досудена затворска казна од шест години истакна обвинителот Гаврил Бубевски.

„По однос на изрекување мерка притвор за Сеад Кочан до правосилност на пресудата,  мерката притвор не е задолжителна, а Кочан доставил гаранција претходно дека нема да се даде во бегство – додаде Бубевски.

На денешното судско рочиште Кочан доби шест години затвор, а сопственикот на Силекс Неметали, Василие Авировиќ доби три години затворска казна.

Поврзани новости