Венко Филипче, министерот за здравство, објави дека е исполнет критериумот за имунизација кој го препорачува Светската здравствена организација кога станува збор за вакцинирањето против морбили.
-Стапката на вакцинација во целата држава изнесува 98 отсто. Во градот Скопје изнесува 99 проценти, а во останатиот дел од државата 97 проценти, со што исполнета е препораката на Светската здравствена организација.
Досега, вакцинирани се 35.870 лица со МРП вакцина на возраст до 14 годишна возраст. Во Скопје вакцинирани се 16.732, а во останатиот дел од државата вакцинирани се 19.138 лица, напиша Филипче на својот профил на Фејсбук.
Министерот пред стартот на новата училишна година ги предупреди родителите дека сите деца треба да бидат вакцинирани.
Родителите ги послушаа препораките на Министерството за здравство и ја препознаа важноста за навремено вакцинирање на децата со МРП вакцина. Сите деца што се невакцинирани, за да се заштитат од заболувањето, треба веднаш да се вакцинираат., додаде Филипче.