Паника на Чаир, Каран си замина од Шкупи

by fokus

Турскиот фудбалски стратег, Умит Каран од денеска не е повеќе тренер на прволигашот Шкупи.

Турскиот стратег тоа го потврди на својот профил на Инстаграм, а екипата од Чаир од стартот на сезоната се наоѓа на 5-то место.

„Денеска заврши мојата обврска во Шкупи. Поднесов оставка до управата и ги информирав играчите за мојата одлука. Им благодарам на сите што беа со мене и во добро и во лошо.“ – стои во дел од соопштението на Каран.

Поврзани новости