807
Владата на денешната седница заклучи дека по престанувањето на вонредната состојба остануваат во сила мерките со кои се ослободуваат од работните обврски родителите кои што имаат деца до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, хронично болните лица и бремените жени, самохраните родители…
Како што соопштија од владата, тие се ослободуваат од работни обврски, освен доколку е остварливо да ги извршуваат работните задачи од дома.
Исто така, на сила остануваат и сите мерки и протоколи опфатени во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот КОВИД-19.