Пред скопската гимназија Јосип Броз-Тито, денеска група родители од повеќе средни училишта одржа информативна средба за ситуацијата со нивните деца и бојкотот на наставата. Родителите рекоа дека ги поддржуваат средношколците во борбата за остварувања на нивните барања, бидејќи тие се аргументирани.
-Децата одлично ја водат својата борба, не само што имаме целосна доверба, туку и се восхитуваме на начинот што се секогаш три чекори пред нас и кога сакаме да ги советуваме нешто. Ние од самиот почеток на екстерното тестирање увидовме голем број слабости, на наша срамота оди тоа што ние родителите не реагиравме,а чекавме децата да реагираат, сега просто не можеме а да не ги поддржиме нивните аргументи. Не само што се наши деца, туку се и во право, изјави еден од присутните родители, а пренесе НОВА ТВ.
На средбата присустуваа и претставници на Народниот Правобранител и Хелсиншкиот Комитет, кои на родителите им ги објаснија сите законски права и обврски од аспект на образованието на средошколците.