Родител пријавил дека возач на автобус го нападнал неговиот син во Скопје

by fokus

Вчера попладне возач на автобус нападнал малолетно момче во Скопје, тврдел неговиот родител, кој пријавил во полиција, пренесуваат од МВР.

„На 20.11.2019 во 16.00 часот во СВР Скопје, И.А.(42) од с.Стајковци, скопско, пријавил дека во 13.20 часот на автобуска постојка на бул.„Александар Македонски“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице – возач на автобус. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

Поврзани новости