Родилката што се обиде да се самоубие има тешки повреди на вратната кичма, градниот кош и главата, бебето е се уште на Гинекологија

by Fokus

Триесет и деветгодишната родилка од Скопје, која вчера се фрли од први спрат на скопската Клиника за Гинекологија се уште се наоѓа во тешка и критична состојба, неофицијално дознава „Фокус“.

Според нашите информации, таа има тешки повреди на вратната кичма, градниот кош и главата.

Директорката на скопската Клиника за гинекологија, Викторија Јовановска вчера во изјава за медиумите рече дека родилката која се обидела да си го одземе животот со тоа што скокна од прозорец на првиот кат на болницата е во многу тешка здравствена состојба.

„Пациентката е во многу критична состојба, ме информираа од КАРИЛ. Немала посериозни психолошки проблеми, иако не сакала да го дои бебето, што не се случува првпат. Табу тема е да доаѓа психијатар тука и да разговара со мајките.

 

Лично мислам дека на сите нас ни треба психијатар, во современото живеење, како совет, не како терапија. Прво дете и е на 39-годишната жена“ рече вчера Јовановска.

Од тука се отвора и темата  за тоа дека на секоја родилка и е потребен психијатар, со кој би можела да разговара за периодот што следува, а е ново за неа и за бебето.

Според нашите информации, бебето е се уште на Гинеколошката клиника и не се знае до кога ќе остане таму.

Во тек е и инспекцискиот надзор на ДСЗИ во УК за гинекологија

 „Во врска со случајот со родилката која скокна од прозор на УК за гинекологија, информираме дека денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден инспекциски надзор.

 

Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на фактичката состојба.

По изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде информирана“, се наведува во соопштението. 

Ирена Мулачка

 

Поврзани новости