Родена првата шестка во Полска, клубот Краковија нуди доживотни влезници

by fokus

Во Универзитетската болница во Краков, јужна Полска, жена со царски рез родила шест деца, што е прв таков случај во земјата. Од бебињата, четири се девојчиња, а две машки.

Веројатноста да се родат шест бебиња одеднаш е еден спрема пет милијарди. Мајката и новороденчињата се добро.

– Ова е првпат во Полскa да се роди шестка, а тоа е ретко и во светски рамки. А всушност, докторите очекуваа пет бебиња, изјави одговорниот во болничкото неонатолошко одделение, Ричард Лотербах.

Родителите добија честитки  и од полскиот претседател Анджеј Дуда, а локалниот фудбалски клуб Краковија понуди доживотни влезници за нивните натпревари.

Поврзани новости