476
Судењето за случајот „Тврдина 2“ на Специјалното јавно обвинителство денеска не се одржа бидејќи предметот треба да биде распределен на друг судија, откако судијката Гордана Спиревска минатата седмица беше избрана за член на Судскиот совет.
Во случајот „Тврдина 2“, првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, и шест вработени во УБК. На обвинетите им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување.
Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.