386
Денешното рочиште за случајот „Титаник“ се одложува, бидејќи еден од обвинетите неодамна имал операција, поради што не може да присуствува на рочиштето во Кривичниот суд.
-Ја информираме јавноста дека заради отсуство на еден од обвинетите кој до судот доставил документација дека врз него е извршен оперативен зафат и истиот привремено нема да може да присуствува на судењето заради здравствени причини, главната расправа за предметот насрочена за денеска 13.05.2019 година се одлага за што се известени и странките во постапката, информираат од Кривичниот суд.
Во „Титаник“, обвинети се дваесетина, меѓу кои и екс премиерот и бегалец Никола Груевски, екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска, како и Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски и уште неколкумина.
Според обвинението на СЈО обвинетите се гонат за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.