539
Судењето за предметот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, се одложува за 19 март.
На денешното рочиште не беше присутен претставникот на обвинетото правно лице Наум Стоилковски, за кој судот информираше дека е уредно повикан.
– Судот констатира дека заради отсуство на претставник на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ главната расправа се има одложено повеќе пати и затоа го опоменува. Судот го задолжува претставникот да ги надомести трошоците за оваа главна расправа, изјави судијата Османи Шабани.
Случајот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителката Ленче Ристевска.