374
Денеска во Кривичниот суд ќе се одржи рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Труст“, во кој првообвинет е бизнисменот Сеад Кочан, а обвинети се уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија.
Според обвинението, Кочан и останатите обвинети со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.
Предметот, како што објави СЈО, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста од 3.8.2011 и 6.10.2011 година.
Освен за „Труст“ и „Т.Н.Т“, Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи и рочиште за одвоена постапка од предметот „Насилство во Центар“.