Рочиште за незаконска набавка на софтверски систем за ЕЛЕМ

by fokus

Денеска во Кривичниот суд треба да се одржи ново рочиште за случајот „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство, во кое обвинети се екс директорот на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски и уште две други лица.

Тие се обвинети за незаконска набавка на софтверски систем за потребите на ЕЛЕМ вреден околу четири милиони евра. Тие се товарат дека со неизвршување на службената должност овозможиле правно лице – конзорциум, иако немало доставено комплетна документација да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, а подоцна истото го добило тендерот.

Поврзани новости