1.9K
Основачот на кабелскиот оператор Телекабел и прв човек на телевизијата 24 вести, Роберт Димитров, одлежува шестмесечна затворска казна поради физички напад врз Мишко Николов, син на сопственикот на компнијата Нико Петрол, Мите Николов, објави Канал 77.
Димитров, заедно со својот телохранител, го нападнал Николов поради тоа што тој бил со неговата поранешна девојка.
Ноќта кога се случил инцидентот, во друштво на повредениот бил и синот на поранешниот претседател и премиер Бранко Црвенковски.