Роби Телекабел: Власта нема со што да ме притисне и за што да ме уценува!

by Фокус

Мојата сила и големина е во мојата чесност и во мојата чиста душа. Јас немам хипотеки, немам неплатени даноци и долгови, не работам на црно, не правам подли работи како вас за да можете да ме фатите и со тоа да ме уценувате и притискате. Се е чисто како солза!

Ова го изјави сопственикот на „Телекабел“, Роберт Димитров, откако вчерашната „бомба“ што ја објави опозицијата откри како функционери на власта со потекло од Штип, меѓу кои Зоран Алексов, Ванчо Костадиновски и Влатко Мијалков, говорат како треба да го „стегнат“, ослувовајќи го со погрдни зборови.

„За се во животот сум се изборил сам, без партија зад мене, без наследство, скала по скала со добра идеа, храбри одлуки и многу работа, еве ме на врвот, и тоа во најтешките моменти за бизнис во државата. Вие за мене сте мали деца, неспособни, неиживеани искомплексирани типови кои цел живот се зависни од партијата на власт“, напиша Димитров на неговиот фејсбук профил.

Поврзани новости