Ангелов: Зошто никој не се нафаќа да го уапси премиерот Груевски?

by Фокус

На денешниот протест пред Јавното обвинителство, Стојанче Ангелов јавно праша, зошто никој од полицајците немал храброст да го уапси премиерот Никола Груевски.

-Овие полицајци што се тука не гледаат непријателски на нас, но сепак ќе прашам, зошто секој од нив пишал многу казни за ситни прекршоци, а никој не се нафаќа да го уапси Никола Груевски поради криминалот тежок милијарди евра, порача претседателот на „Достоинство“, Стојанче АнгеловЗошто е Груевски уште на слобода и зошто е Зврлевски уште јавен обвинител? – праша Ангелов.

Ангелов рече дека бил вџашен од вчерашните снимки за договарањето да „се маваат шамари“ на градоначалникот Андреј Жерновски.

Ангелов повика на протести и блокади на македонското обвинителство секој ден во 12 часот, поради тоа што се уште молчи и не кажува дали и забранува на МРТ и со која одлука, да ги емитува снимките од опозицијата.

Поврзани новости