Роберт од „Куку леле” е нов директор на „Макфест”, ќе го враќа сјајот на фестивалот со модерни песни!

by fokus

Музичарот Роберт Саздов од ,,Куку леле” е новиот уметнички директор на реномираниот фестивал за забавни мелодии ,,Макфест” кој ќе се одржи на 21-ви и 22-ри октомври во Штип. Тој доаѓа на местото на Владимир Дојчиновски – Дојчин, и за 37-то издание на манифестацијата се најавуваат голем број на промени.

Годинава на сцената на Домот за култура ,,Ацо Шопов” во Штип ќе настапат околу 25 музичари, помеѓу кои Ламбе Алабаковски, Тамара Тодевска, Лара Иванова, Ален Исламовиќ, Викторија Лоба…

Песните биле во модерен стил, и првата вечер е со натпреварувачки карактер, додека пак втората е ревијална.

Оваа година ќе нема награди за освоени места како во минатото, но бил зголемен износот за откуп на композициите.

Новитет е и црвениот тепих за дочек на пејачите, со цел повеќе да се доближат до публиката.
Средства во висина од 4,5 милиони денари за одржувањето биле обезбедени од Општина Штип и од спонзори.

Фестивалот во минатото беше расадник за нови музички таленти, но и место каде настапуваа големи имиња од цела поранешна Југославија. Зад ,,Макфест” останаа голем број на хитови кои и денес се вртат во етерот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости