Експерти на Гугл во македонските канцеларии на CrazyLabs во Скопје

by fokus

Светски познатата компанија CrazyLabs, која важи за една од топ 3-те најдобри компании за мобилни игри на светско ниво, повторно ги пречека партнерите од американската компанија Google.

15-тина врвни стручњаци од Google ги посетија македонските канцеларии на CrazyLabs во Скопје. Интересно е да се напомене дека Google e веќе 10 години верен партнер на CrazyLabs, кој пак од друга страна е најголемиот клиент на Google, кога станува збор за адвертајзинг во мобилните игри.

Главната цел на посетата на Google беше детално разгледување на сите взаемни процеси и продукти за кои во моментов има силна соработка помеѓу двете компании.

Посетата беше структуирана како повеќедневна хибридна работилница. Eксперти од двете компании дискутираа, презентираа и работеа главно на усовршување на постоечките процеси и продукти, како и детално планирање на идниот развој на нови иновативни технологии.

Една од клучните теми на дискусија беше ad monetization на мобилните игри, кои што CrazyLabs ги нуди на светскиот пазар.

За оние на кои не им е познат терминот “ad monetization на мобилни игри”, најлесното објаснување би било – генерирање на паричен прилив од една мобилна игра, преку сервирање дигитален адвертајзинг во истата.

За оваа цел CrazyLabs користи продукти на Google, за полесен и попрецизен пристап до глобалниот дигитален адвертајзинг простор.

„Задоволни сме од целосната посета, и посебно среќни што баш македонската канцеларија беше домаќин на оваа средба. Драго ни е што CrazyLabs е најголемиот партнер кој што Google го има денес во мобилната гејминг индустрија.

Се дискутираше на многу теми главно поврзани со продуктите кој ги користиме. Имавме и отворена дискусија за поддршката од Google што ни потребна за тоа што сакаме да го постигнеме следно. Како еден од лидерите во mobile gaming индустријата имаме големи планови за иднината.“- изјави Игор кој е VP ad monetization во CrazyLabs.

Ова е само почеток на многуте средби кои ги очекуваме во CrazyLabs Македонија. Благодарение на CrazyLabs отворена е вратата за Google да продолжи да ги ужива посетите во Македонија.

Поврзани новости