625
Германскиот портал Gehalt.de денес ги објави најновите податоци за највисоките и најниските плати во Германија за 2019 година.
Највисоките плати во земјата ги имаат најискусните лекари кои годишно заработуваат околу 115.320 евра бруто плата, експертите за продажба со заработка од 99.635 евра, директорите на фондовите имаат 83.640 евра, а лекарите-специјалисти 80.720 евра годишно.
Меѓу најплатените се уште и финансиско-сметководстените менаџери, регионалните менаџери за продажба и статистичарите.
Од друга страна, најслабо платени се работниците во кујна чија годишна планта изнесува околу 21.907 евра, фризерите имаат 23.202 евра, келнерите или келнерките 23.620, работниците во кол-центрите 25.200 и рецепционерите имаат годишна заработка од 25.370 евра.
Меѓу најслабо платените работници во Германија се наоѓаат уште и благајниците, готвачите, денталните асистенти, негувателите и возчите.