Врховниот суд шест месеци се дума дали да ја испрати Јанкулоска зад решетки или да ја спаси

by fokus 20:44
20:44

Пред точно шест месеци екс министерката Гордана Јакулоска се спаси од одењето во затвор, бидејќи и покрај првосилната пресуда, според која треба да одлежи 4 години зад решетки, Врховниот суд го одложи извршувањето на казната. Ваквата одлука беше донесена откако Јанкулоска поднесе барање за вонредно преиспитување на пресудата, односно Врховниот суд одлучи дека таа нема да оди зад решетки се додека не донесат одлука.

Побаравме одговор од Врховниот суд дали е одлучено по барањето на Јанкулоска, а од таму не информираа дека одлуката се уште не е донесена. Овој суд може да ја потврди пресудата со што екс министерката веднаш би се упатила во затвор, би можеле да ја укинат пресудата и да го вратат случајот од почеток, или мериторно да одлучат.

На овој начин од решетки се спаси поранешниот премиер Владо Бучковски. Тој во 2014 година требаше да влезе во затвор за да одлежи двeгодишна казна затвор за случајот „Тенковски делови“, но Врховниот суд му ја одложуваше казната се до 2016 година, кога го врати случајот од почеток, a неодамна дојде до застарување на кривичното дело за кое се гонеше.

- Advertising -

Јанкуловска со првостепена пресуда беше осудена на 6-годишна казна затвор, а Апелација ја намали казната на 4 години. Таа се гонеше по обвинение на СЈО, за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 580.000 евра. За истата набавка беше осуден и екс премиерот Никола Груевски, но тој избега во моментот кога требаше да влезе во затвор.

В.В.

Поврзани новости