536
Заменик министерот за правда Оливер Ристовски очекува опозицијата да биде присутна на собраниската седница во вторник на која ќе се разгледува законот за судови за чие донесување е неопходно двотретинско мнозинство.
– Колку што знам опозицијата ќе се појави во вторник на пленарна седница токму за законите за кои е неопходно двотретинско мнозинство. Законот во целост е усогласен со нив и секако мора да бидат присутни на седницата, изјави Ристоски по пуштањето во употреба на новиот Кривичен суд во Скопје.