648
Не треба да се залажуваме дека во прашање е опстанокот на државата, особено сега по последните случувања со мигрантите, предупреди аладеник Блаже Ристовски, во воведното излагање на научната трибина на МАНУ насловена „Како понатаму“.
– Македонија не е вејка на ветрот и зависи од нејзиното окружување ама и од Европа и светот. Земјата е растегната помеѓу два заканувачки блока, едниот ЕУ и НАТО, посакувана, ама засега недостижна цел и другиот блок предводен од Руската федерација, која прави се да има доминација и на овој дел од Балканот. Замислете една малечка Македонија да се најде на линијата на огнот – рече Ристовски.