Цивил: Инстититуциите се поставија насилнички кон бегалците

by Фокус

Невладината организација „Цивил“ констатира дека институциите на Македонија се претставија како неефикасни, дискриминаторски и насилнички околу бегалската криза.

„Властите веднаш да го променат својот однос кон бегалците и во целост да го почитуваат меѓународното право. Неприфатливи се споредбите со односот на други земји кон бегалците кои апологетите на власта сакаат да ги наметнат, отворено или суптилно, во јавноста. Таквите споредби може да се толкуваат единствено како невешт обид за бегање од одговорноста“ соопштија од „Цивил“.

Невладината организација ги повика сите хумани луѓе да им помогнат на бегалците со храна, вода и медикаменти.

Поврзани новости