427
Поранешните министри во владата на ВМРО-ДПМНЕ Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и сегашниот пратеник и поранешен спикер на Собранието, Трајко Вељаноски денеска дојдоа во Кривичниот суд за да извршат увид во доказите како осомничени за организирање на крвавиот упад во Собранието.
Советот за оценка на обвинителниот акт пред една недела го одложи оценувањето на обвинителниот акт за на 6 декември со образложение дека обвинителот не им дозволил на обвинетите увид во доказите.
Денеска судот им дозволи увид во текот на целиот ден.
Поранешните функционери заедно со поранешниот премиер Никола Груевски, се обвинети дека го организирале крвавиот упад во Собрание што се случи на 27 април 2017 година.
Ф.Ф.С.