Во Куманово пронајдена рачна бомба од Втора светска војна

by fokus

Вработен во приватна фирма од Куманово вчера пријавил дека на улица „11 Октомври“ во Куманово, при изведување градежни работи – вршење на ископ, пронашле стара неексплодирана рачна бомба од Втората светска војна.

Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Куманово експлозивната направа била подигната за понатамошна постапка.

Поврзани новости