520
ВМРО ДПМНЕ денеска оцени дека првите чекори кои ги најавува идната Влада не се проекти или решенија со кои би се подобрил квалитетот на веќе отпочнатите процеси, туку блокади и укинување.
– Екстерното тестирање е тестирање на реалното знаење кое се применува во сите европски земји, а укинувањето што СДСМ го предлага е само „популистичко додворување на дел од родителите и учениците и нивна злоупотреба заради политички поени – истакна Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, со ова укинување СДСМ само ќе направи контра услуга на среден и долг рок, бидејќи го враќа повторно на мала врата образовниот процес од времето на транзицијата кога оценките не беа одраз на знаење, туку резултат на притисоци врз наставниците.