480
Реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев” е завршена до половина, а до септември се очекува вториот блок да биде комплетно завршен.
Ова го изјави заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој денеска изврши увид во реновирањето на Блок А во студентскиот дом.
Во врска со најавената изградба на нови студентски домови, Ристовски рече дека ги разгледуваат пристигнатите понуди и наскоро ќе биде избрана компанија што ќе започне со изградба на двата студентски дома „Невена Георгиева Дуња“ во Скопје и студентскиот дом во рамки на универзитетот во Тетово.