Чавков врати осомничен од СЈО да ја чува Фатиме Фетаи?

by Фокус

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков веќе го сменил Примислав Димовски од командант на Алфите и на позицијата го вратил Ивица Анчевски – Пуки, јави порталот Либертас, повикувајќи се на анонимни извори во МВР.

Информацијата се уште не е потврдена официјално од МВР.

Пуки е еден од осомничените во случајот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство за апсењето на Љубе Бошкоски. Тој се најде и на листата меѓу 56-те лица помилувани на Иванов.

Од друга страна пак, обвинителката Фатиме Фетаи пред една недела побарала засилени безбедносни мерки, па нејзиниот дом го обезбедуваат „Алфите”,  единица со која сега командува помилуваниот полициски началник.

Токму Фатиме Фетаи ја држеше и прес конференцијата за „Тортура“ и прецизно објаснуваше како било вршено апсењето на Љубе Бошковски.