Ристовски до Грчева: Престанете да се бавите со Интегра, бавете се со вашата беда

by fokus

Претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски и претседателката на Глас за Македонија, Солза Грчева влегоа во жестока дебата при гостувањето на телевизија Телма. Ристовски жестоко и возврати кога таа го праша каде биле за време на референдумот.

-Интегра не постоеше тогаш како партија. Престанете да се бавите со другите, бавете се со вашата беда. Гледајте си ја својата политика, својата партија, престанете да се бавите со Љупчо Ристовски и Интегра. Чии интереси браните? Што ти е, што се замараш со Љупчо Ристовски?, рече Ристовски.

После рекламите, Ристовски им се извини на гледачите за начинот на кој настапи.

 

 

Поврзани новости