Мишев: Иако Македонија забрани руски мрежи, дезинформациите доаѓаат преку српските медиуми

by Fokus

„Македонија како дел од западната алијанса ги забрани РТ, Спутник и слични руски мрежи во Македонија, но ефектот од тоа е нула, бидејќи македонските медиуми комотно ги пренесуваат овие руски медиуми. Не директно, доаѓаат информациите преку македонски медиум кој пренесува вест од Тасс, некритички, како што е пратена“ рече уредникот во Цивил Медиа, Драган Мишев во утринската програма на „Слободен печат“.

Тој додаде дека вестите дури и не доаѓаат директно од Тасс, туку од српски превод, кој веројатно е полесен за преведување на македонските медиуми.

„Проблемот е што интернетот е сива зона и тешко се контролира, не е регулиран. Тоа се искористува“ рече Мишев.

Тој додаде дека лесно може да се проверат вестите на интернет пребарувачите, за да се види кој и како ја има пренесено информацијата и дали е вистина или дезинформација.

Поврзани новости