Извори од СЈО за Фокус ја потврдија веста дека обвинителката имала незгода, но велат дека таа се чувствува добро.
Незгодата се случила на 27 12. 2015 во 13 часот на патот кон с.Требовље, на кривина на осојно место, на која имало многу мраз. Колата излетала од патот и покрај малата и прилагодена брзина со која се движело возилото, од не повеќе од 40 км/час.
„Се работи за приватно возило на обвинителката, поради што сметавме дека нема потреба јавноста да биде информирана“ велат од обвинителството.
За среќа, и Ристова и сопатникот минале без повреди.
Полицијата била повикана од самата обвинителка поради потребите за реализација на осигурувањето на возилото.
Извори во обвинителството велат дека најзначајно е што обвинителката се чувствува добро и веднаш се вратила на своите работни задачи. Обвинителството, имено деновиве има многу работа, откако опозицијата ги предаде прислушуваните материјали.
Самата Ристовска неодамна најави дека прв случај на кој ќе работи ќе бидат изборните нерегуларности и дека никој не смее да биде над законот.