Поранешната врховна судијка Милка Ристова вели дека според Уставот не е предвидено изземање на судија на Уставен суд. Нејзината забелешка следува по одлуката на Уставните судии да не одлучуваат по иницијативата за Законот за банки, бидејќи најпрвин ќе чекале мислење од Антикорупциска за тоа дали имаат судир на интереси со Еуростандард банка.
-Според Уставот на РС Македонија,не е предвидено правен институт “Изземање на судија на Уставен суд”.
Според Уставот основна надлежност на Уставниот суд, покрај другото, е да одлучува за усогласеност на конкретен закон, или одделни одредби од истиот,со Уставот.
Уставниот суд решава т.н.”апстрактен спор”. Одлуките на Уставниот суд го “заменуваат законот”, и имаат дејство кон секого,односно кон сите граѓани(erga omnes).
Општа правна карактеристика на одлуките на Уставниот суд е, дека тие се конечни, извршни и задолжителни.
Изземање на судија има само во постапките пред редовните судови (основните, апелационите, управните и Врховниот суд),затоа што тие решаваат спорови меѓу спротивставени, индивидуално определени странки. Сите одлуки на редовните судови (освен одлуките донесени на Општа седница на Врховниот суд), имаат правно дејство само кон странките во конкретниот спор (Inter partes).
Затоа носители на функцијата судија на Уставен суд, се најелитните правници, според правните знаења, и “најнедопирливите” според својот морален, етички и човечки потенцијал!, истакнува поранешната судијка Ристова.